Фото: Stefano Ferrario from Pixabay

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин во емисија на српската телевизија „Пинк“ изјави дека не му е јасно зошто границите на Балканот се непроменливи и зошто „српското национално прашање“ не би можело конечно да се реши со обединување на Србите во една држава, пренесува српската телевизија „Н1“. 

Првиот човек на српското МВР го коментираше „нон-пејперот“ на Јанез Јанша за промена на границите на земјите од Западен Балкан, велејќи дека не би го изненадило доколку постои таков документ, како и дека и тој документ би го отсликал „апсолутното лицемерие“ на официјален Брисел.

Министерот Вулин додаде дека негово мислење е оти „Србите треба да имаат единствена држава“, но и дека тоа не е мислење на српската влада или на претседателот Александар Вучиќ.

Тој рече дека го почитува територијалниот интегритет и суверенитетот на Босна и Херцеговина, како и Дејтонскиот договор, но и додаде дека тамошните политичари говореле дека тоа е нефункционална држава.