Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организира деловни средби помеѓу македонски и српски компании за да се унапреди и интензивира економската соработка помеѓу двете земји.
– Целта на посетата на српската бизнис-делегација и организирањето на билатералните деловни средби е понатамошно интензивирање на економските релации помеѓу двете земји, како и воспоставување на нови, повисоки облици на соработка помеѓу компаниите од повеќе различни сектори согласно пројавениот интерес – велат од Комората.
На бизнис-средбата официјално ќе биде конституиран Македонско-српскиот/Српско-македонскиот деловен совет, што ќе функционира во рамките на двете комори и ќе служи како мост за интензивирање и зајакнување на досегашната соработка и поврзување на стопанските субјекти од двете земји.