Средношколците од „Корчагин“ преку хуманитарна претстава ќе собираат пари за лекување на соученик

Театарската претстава ќе се одржи в сабота, на 30 септември со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ)

Фото: СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“

На празникот Вера, Надеж и Љубов, в сабота, учениците од скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ во хуманитарна мисија ќе ја одиграат театарската претстава „Чекајќи го…“, посветен на лекувањето на нивниот поранешен соученик Марко.

Марко Здравевски (25) е поранешен ученик на гимназијата „Корчагин“, кој е на лекување во Париз, па итно му се потребни финансиски средства за продолжен третман. Марко се лекува од канцер на клиниката „Rafael Instituten Hartmwn“.

Театарската претстава ќе се одржи в сабота, на 30 септември со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ). Билетите се во продажба на билетарницата на МНТ по цена од 500 денари, како и онлајн.

„Ги повикуваме сите добри и хумани луѓе да уживаат во изведбата на претставата и истовремено да донираат за спас на младиот човечки живот да може да го продолжи својот пат“, вели Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во „Корчагин“.

Илустрација: СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“