Тригодишниот Чинар Сулејманов, кој исчезна пред два дена, изутринава бил пронајден мртов во близина на викенд-населбата Суитлак во Штип, потврдија од полицијата.
Детето е најдено на еден километар од куќата каде живее семејството Сулејманови.
За причините за смртта засега не може да се зборува. Луѓето кои беа на местото кадешто е најдено детето, велат дека тоа веројатно заталкало на пат кон дома и прегладнето, по студената ноќ, починало, додека втората верзија е дека било нападнато од животно.
Мајката, која го пријави изчезнувањето на детото во полиција, изјавила дека последен пат е видено завчера околу 16.30 часот, кога малиот заминал кај неговиот дедо.