fbpx

Спасовски и Хованец во посета на Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија

-

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, и неговиот колега од Чешката Република, Милан Хованец, денеска го посетија Прифатниот центар за мигранти „Винојуг“ во Гевгелија.

Министерот Спасовски изрази благодарност за помошта што Република Чешка ѝ ја дава на Република Македонија за справување со последиците од мигрантската криза.

– Сакам да им оддадам признание на македонските, чешките и на другите полицајци кои се на јужната граница на Република Македонија и кои многу помагаат во овој период за справување со мигрантската криза. Ние сме должни да обезбедиме хуман третман на мигрантите и транзит, меѓутоа, исто така, треба да обезбедиме и стабилност и безбедност на граѓаните на Република Македонија – рече министерот Спасовски.

Министерот Хованец му се заблагодари на министерот Спасовски за сè што Македонија прави во справувањето со мигрантската криза и понуди дополнителна помош од Република Чешка и од земјите од Вишеградската група за полесно справување со овој проблем.

– Чест ни е што нашите полицајци можат да помогнат заедно со вашите полицајци во решавањето на овој проблем. Разбираме дека притисокот од мигрантите ќе продолжи и ќе се засилува и разбираме дека овој притисок ќе биде голем врз Република Македонија. Сакам да истакнам дека сме свесни за ова и сме подготвени да го преземеме својот дел од одговорноста – рече Хованец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...