fbpx

Сообраќајот во зимски услови, можна е голомразица

-

Од АМСМ известуваат дека сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниската температура, на повисоките места можна е појава на голомразица.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Жировница – Дебар – Струга.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

– На делот од патот од браната Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и на работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот – известуваат од АМСМ.

Поради изведување работи на пат, односно гребење асфалт, на патниот правец Велес – Скопје, од местото Штипска клучка до тунелот Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

– На патниот правец А1, Гевгелија – Скопје, од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента – предупредуваат од Авто-мото сојузот.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под привремен режим на сообраќај, и тоа од крајот на трета лента, односно депонијата во Велес, до село Лозово, и од селото Лозово преку селото Сарамзалино до клучката Кадрифаково.

Од АМСМ препорачуваат учесниците во сообраќајот да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација сè до завршувањето на градежните активности.

На 19 декември 2014 година почна привремениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од привремен карактер и ќе се спроведува до 31 март 2015 година, во текот на денот, и тоа од 8 до 20 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од Авто-мото сојузот на Македонија ги потсетуваат сите возачи дека на сила е законската обврска за поседување зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ФЗО протестира – се бараат повисоки плати и разрешување на Управниот одбор

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денес протестираат со три барања, потврди претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски. Нивните...