Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски

-

Собранието без расправа, со 62 гласа „за“, на пленарна седница ја прифати препораката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот на Никола Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство.

Судот бара притвор за Груевски за изборни измами во случај „Титаник“, за нерегуларности при изградба на автопати – случај „Траекторија“, за уривање на „Космос“ – „ТНТ“, за незаконско финансирање на партијата – случај „Талир“, како и за случајот „Шамари во Општина Центар“.

На седницата не присуствуваа пратениците од  опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски. Тие не присуствува и на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија.

На седницата на Комисијата, претседателот Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот...

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

Во пеколот на незамисливата загуба, таму каде што зборовите се губат во темната празнина, родителите на 62-та млади животи згаснати во кочанската трагедија побараа средба со премиерот. Не за да добијат...

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што...

Родителите на жртвите од Кочани тврдат дека Мицкоски им рекол да си „одредат цена за нивните деца“, во Владата тоа го негираат

„Одредете си цена за вашите деца“ - родителите на загинатите деца во Кочани, тврдат дека премиерот Мицкоски, токму со оваа реченица им се обратил на средбата која ја имале со него...

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...