fbpx

Е-дневникот „падна“, се бара фирма што ќе го поправи

-

Оваа учебна година, електронскиот дневник не работи. Наставниците не можат да внесуваат податоци ниту оценки во него бидејќи страницата не е во функција.

– Засега пишуваме се` што е потребно само во пишаниот дневник. Чекаме насоки од администраторот кога да почнеме да внесуваме оцени и во електронска форма. Родителите на учениците сега не добиваат смс-пораки за изостаноците и оценките на нивните деца, бидејќи има некаков проблем во системот. Праксата покажа дека е-дневникот е добра алатка зашто родителите редовно добиваа информации за успехот на учениците – вели Драгица Поповска, одделенски наставник во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел.

Во Министерството за образование објаснуваат дека има технички проблеми кои се` уште се решаваат.

„Во моментов компанијата која е избрана преку спроведена јавна набавка за ажурирање и одржување на електронскиот дневник, работи на надминување на извесни технички предизвици и надградба на системот, но и на ажурирање на податоците. Така што, по завршувањето на предвидените активности и тестирање на платформата, наставниците ќе продолжат непречено да го користат електронскиот дневник. Тој задолжително се пополнува и ќе треба да се пополни, согласно актуелните законски прописи“, информираат од МОН.

Со тоа, додаваат од МОН, и родителите/старателите на учениците ќе продолжат да имаат брз и едноставен увид во оценките и поведението на своите деца.

На прашањето, до каде е најавената новина за кратење на купот административни обврски што ги имаат наставниците, од Министерството одговараат дека во оваа фаза е рано да се говори за тоа.

„Рано е да се зборува за конкретни одредби со кои се уредуваат одредени обврски на наставниците, а кои ќе бидат содржани во новите законски решенија кои ќе ја регулираат областа на основното и средното образование, бидејќи процесите на нивната изработка, односно формулирање (конкретно на Законот за основното образование) се се` уште во тек и се работи на утврдување на конечната верзија која ќе биде и понудена на јавна дискусија“, појаснуваат оттаму.

Електронскиот дневник беше воведен во февруари 2011 година. Сите наставници во државата имаат законска обврска редовно да го пополнуваат, исто како што го пополнуваат и пишаниот дневник. Овој проект имаше за цел да ја подобри комуникацијата меѓу наставниците и родителите, но праксата покажа дека системот често им тренира нерви на просветниците бидејќи „паѓаше“, со што им беше овозможено да го пополнуваат навремено. Проблемите беа изразени пред крај на учебна година, кога речиси 20.000 наставници во исто време пополнуваа конечни оценки на сите ученици во Е-дневникот.

  • Е-дневникот се пополнува од 2011 година.  
  • 17.997 наставници во основните и 7.420 наставници во средните училишта имаат законска обврска да го пополнуваат.
  • Родителите на 192.448 основци и на 71.458 средношколци добиваат смс-пораки за изостаноците и оценките. 
  • Е-дневник водат сите просветници во 993 основни и во 132 училишта за средно образование

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...