Со кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата ќерка, загина и тричлено семејство

Во хеликоптерска несреќа загина НБА-легендата Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана Брајант која се сметаше за негова наследничка во кошарката.

Помеѓу жртвите во несреќата се и семејството Алтобели, бејзбол-тренерот Џон, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса која заедно со Џана Брајант играле кошарка за академијата „Мамба“ и вчера патувале на турнир во Таусенд Оукс.

Според извештајот на полицијата на Лос Анѓелес, причина за падот на хеликоптерот била густата магла и непрегледноста, при што хеликоптерот удрил во планина со брзина од 300 километри на час. Многу од летовите со хеликоптер вчера во Лос Анѓелес биле откажани.