fbpx

Со 18 милиони евра, Град Скопје ќе ја гради клучката кај Момин поток за решавање на сообраќајниот метеж

-

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска ја најави изведбата на клучката кај Момин поток, со која треба да се надмине сообраќајниот метеж на една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел на Скопје.

„Се работи за огромен проект во вкупна вредност од околу 18 милиони евра, за кој постапката ја започнавме вчера, градежните работи ќе ги започнеме во текот на јуни, а изведбата треба да трае 2 до 2,5 години. Според својата комплексност, се работи за убедливо најсложениот сообраќаен проект којшто Град Скопје го има изработено од 1965 година, па наваму“, изјави градоначалникот Шилегов.

Со градежниот зафат, предвидена е изградба на два кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница.

„Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем“, рече Шилегов, на денешната прес-конференција.

Вкупната должина на сообраќајницата меѓу двата кружни тека и до пред раскрсницата со булевар Словенија изнесува околу 1.600 метри. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено булеварско осветлување, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Проектот предвидува и изградба на два моста на реката Серава која тече под оваа сообраќајница.

„Сакам да нагласам дека во делот на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот го завршивме булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, а при крај се и булеварите Никола Карев и Босна и Херцеговина. Ова е во целосна согласност со визијата што јас ја имам за нашиот град – рамномерно развиен град со инфраструктура поволна за сите граѓани, без оглед на кој дел од градот припаѓаат“, изјави Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...