Скопје прогласен за Европска престолнина на културата за 2028 година

Делегацијата на нашата земја со овации го дочека прогласувањето. Скопје за титулата се натпреваруваше со црногорскиот град Будва

-

Македонскиот главен град попладнево беше прогласен за Европска престолнина на културата за 2028 година. Скопје е една од трите европски престолнини на културата, а оваа извонредна вест се поклопува и со одбележувањето на 65-годишнината од скопскиот земјотрес од 1963 година. Покрај Скопје, за европска престолнина на културата веќе е прогласен чешкиот град Ческе Буѓејовице, додека третата престолнина ќе биде избрана на 13 декември во конкуренција меѓу француските градови Бурж, Клермон Феран, Монпелје и Руен.

На денешното прогласување на Европска престолнина на културата за 2028 година присуствуваа скопската градоначалничка Данела Арсовска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Делегацијата на нашата земја со овации го дочека прогласувањето. Скопје за титулата се натпреваруваше со црногорскиот град Будва, при што двата града влегоа во финалната фаза на избор меѓу градовите на земји-членки на ЕФТА, Европската економска заедница и кандидатки за членство во ЕУ.

„Панелот сака да се заблагодари на двата тима, на Скопје и на Будва, двата вложивте извонреден труд. Ви благодарам за вашата работа, за посветеноста, за визијата и двата креиравте извонредно наследство во вашите земји. Панелот расправаше и донесе одлука. Градот што е селектиран да биде Европска престолнина на културата е Скопје“, беше одлучено на денешниот состанок што се одржа во Европската комисија во Брисел.

Носител на апликацијата е јавната установа Универзална сала, а проектот е финансиран од Град Скопје. Стекнатата титула е од огромно значење, бидејќи ќе донесе афирмација на македонската култура во сите нејзини сегменти, од културното наследство до современата архитектура и изведувачките уметности. Титулата „Европска престолнина на културата“ е можност за развој на независната сцена, културните оператори и институции, како и поединци, но и огромен број на настани што ќе се случат во 2028 година во македонскиот главен град.

Измама е дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се тврди дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци. Преку измислено интервју со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши се наведуваат граѓаните да инвестираат во...

Бајден издаде превентивни помилувања за заштита на лица кои што се таргетирани од Трамп за одмазда

Претседателот Џо Бајден, кој што веќе ги одбројува своите последни моменти во Белата Куќа, издаде превентивни помилувања за лица кои републиканскиот наследник Доналд Трамп ги таргетирал за одмазда, вклучувајќи го поранешниот...

Дефектот на топлификациската мрежа е во Центар, остатокот од Скопје ќе добие парно

Дефектот на топлификациската дистрибутивна мрежа заради кој утрово цело Скопје остана без парно се случил во Општината Центар, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен. Како што информираат од ЕСМ...

WoW Plunderstorm нуди беплатно отклучување нови скинови за World of Warcraft

Најновиот гејм мод во World of Warcraft - Plunderstorm повторно се враќа. Забавен и брз гејмплеј преку комбинација од Battle Royale, жанрот од играи како Fortnite, и MOBA во стилот на...

Измама е дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се тврди дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци. Преку измислено интервју со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши се наведуваат граѓаните да...