Скопје Прајд годинава под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“

-

Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ на 25 јуни ќе се одржи овогодишното издание на Скопје Прајд. Како што информираат од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија настанот ќе започне во 17 часот во паркот „Жена-борец“, а во 19 часот ќе започне протестниот марш до Градскиот парк по што ќе продолжи со културно-забавна програма на стадионот на АРМ.

„Зошто повикуваме да се излезе за љубов? Затоа што во време на криза, војна и сиромаштија, лесно се заборава на љубовта, а омразата уште полесно ги окупира мислите и срцата на луѓето. Затоа што само со љубов можеме да се спротивставиме на насилството на кое различните се подложени и тогаш кога за сите други владее мирот“, рекоа од Националната мрежа.

Посочуваат дека ЛГБТ+ луѓето се мета на омаловажување, дехуманизирање и говор на омраза и тешко ги остваруваат своите права. Заради тоа парадата е важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството. Организаторите посочија дека имаат одлична соработка со Министерството за внатрешни работи и дека очекуваат безбеден настан.

Забавниот дел од програмата ќе ја отвори македонската претставничка на Евровизија, Андреа, а ќе следуваат и настапи на оперската пејачка Наде Талевска – Спасовска, триото дрег кралици од Србија, Alex Elektra, Dita Von Bill и Lana Vee, Ronda Vu од Њујорк, Divon Jane, Linda Socialis, DJ Андреј Мицајков, DJ Јана Тодоровска, DJ Мартина Пенева и DJ Џинџер.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...