fbpx

Шукова: Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден

Денешната панел дискусија на тема „Тројна планетарна криза“, беше организиран во рамки на посетата на генералниот потсекретар на Обединетите Нации и извршен директор на Програмата на животна средина на Обединетите нации (UNEP), Ингер Андерсен во нашата држава

-

Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден. Екстремните временски настани, исчезнувањето на видовите, уништувањето на шумите и исцрпувањето на виталните ресурси се само дел од алармантните знаци на еколошка нерамнотежа што мора итно да се реши.

Ова го изјави денеска министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова, на настанот организиран во рамки на посетата на генералниот потсекретар на Обединетите Нации и извршен директор на Програмата на животна средина на Обединетите нации (UNEP), Ингер Андерсен во нашата држава.

Панел дискусијата помеѓу засегнатите страни се одвиваше на темата „Тројна планетарна криза“, со акцент на предупредувањето од Обединетите Нации дека Земјата се соочува со нарушување на климата, губење на природата и биодиверзитетот и загадување и отпад.

„Глобалните предизвици бараат регионални, но и акции на национално и локално ниво. Се наоѓаме во момент кој бара единство, соработка и акција. Оваа криза не познава граници и нè погодува сите нас, без разлика на нашата националност, раса или социо-економски статус. Од нас, како македонски граѓани, се бара да се здружиме и да најдеме одржливи решенија кои ја чуваат благосостојбата на нашата планета и обезбедуваат просперитетна иднина за генерациите што доаѓаат“, рече Шукова.

Таа наведе и дека решавањето на тројната планетарна криза бара повеќестран пристап.

„Мора да се справиме со основните причини за климатските промени со намалување на емисиите на стакленички гасови, транзиција кон чисти извори на енергија и прифаќање на одржливи практики. Мора да го запреме губењето на биолошката разновидност со заштита на екосистемите, зачувување на живеалиштата и промовирање на одржливо управување со земјиштето и океаните. Мора да обезбедиме одговорно користење на нашите природни ресурси, усвојувајќи ги принципите на циркуларна економија и намалувајќи го отпадот и загадувањето. Но, справувањето со овие предизвици не може да биде само одговорност на владите. Тоа бара колективни напори на сите засегнати страни – граѓанското општество, академската заедница, приватниот сектор и поединците“, истакна Шукова.

Министерката информира за новите можности кои ги нуди Програмата Живот на ЕУ која ќе биде потпишана идниот месец во Брисел на маргините на билатерланот скрининг за поглавјето 27, каде токму партнерските пристапи ќе можат да обезбедат здружени акции во адресирање на глобалните предизвици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...