Шекеринска: Имаме пари од ЕУ за решавање на проблемите на општините

-

Заменик-престедателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на митингот на СДСМ и Коалицијата во Гостивар кажа дека целта на централната власт е да се приближи на локалната и да биде сервис на општините, за граѓаните да имаат подобри услови за живот.

– Парите ќе ги насочиме за решавање на проблемите во градовите, нема да дозволиме да се трошат стотици евра на сто метри простор во Скопје, додека општините се мачат со нерешени основни услови за живот. Имаме пари од ЕУ за поддршка на општините и решавање на проблемите – рече Шекеринска.

Таа додаде дека централната власт нема да ја малтретира локалната власт туку ќе даде шанса на добар проект и идеја со поддршка и пари. Бизнис-заедницата ќе биде вклучена во дефинирање на приоритетите на општината.

– На 15 октомври нема да бидат обични локални избори, Македонија одлучува за иднината дали ќе се развиваме или ќе се враќаме назад како сиромашна и изолирана земја, во која, само за една група на луѓе ќе има живот – додаде Шекеринска.

За политичките противници таа рече дека „11 години сееле страв и создавале корупција, но правдата доаѓа по своето“.

– Луѓето зад кои стоеше Груевски бегаат од државата или со наведнати глави влегуваат во судовите, бидејќи знаат дека многу зулум и криминал направија – додаде Шекеринска.

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

ДСЗИ бара дисциплинска постапка за здравствените работници по смртта на двете новороденчиња

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе бара спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници од прилепската Општа болница кои учествувале во лекувањето и исписот на двете новороденчиња –...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и...