fbpx

Се смирува ситуацијата на северот на Косово, барикадите на патиштата се тргнати

-

По вчерашните инциденти, утринава во северниот дел на Митровица е мирно, а барикадите што беа поставени на локалните патишта се отстранети, пренесе Н1.

Надвор од животна опасност е и лицето кое вчера беше рането во полициската акција: Повредениот е опериран и сè уште е на интензивна нега.

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џеваљаљ Свечља, на прес-конференција рече дека акцијата не е насочена против која било националност, туку против криминалци кои шверцувале нелегална стока во Приштина, Пеќ и северните и јужните делови на Косовска Митровица.

За време на акцијата против криумчарење стока и други материи полицијата уапси осум лица, а распиша потерници и налози за апсење за уште 10 лица.

Од КФОР соопштија дека операцијата на косовската полиција на 13 октомври против криумчарење стока ја гледа како „акција за спроведување на законот“ и дека мисијата на КФОР на Косово е во комуникација со надлежните органи, пренесе Коха.нет.

Остра реакција по настаните имаше и германскиот амбасадор во Приштина Јерн Роде.

„Стоп! Споредувањето на денешната полициска акција со „кристалната ноќ“ е неприфатливо. Ваквите споредби придонесуваат за искривување и негирање на наративите за Холокаустот“, рече германскиот амбасадор во Приштина Јерн Роде осврнувајки се на изјавата н косовскиот владин министер Горан Ракиќ кој во изјава за медиумите терминот „Кристална ноќ“ го употреби за да ја опише ситуацијата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...