понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Вучиќ | 21 резултати

Вучиќ и Фицо во антизападните наративи: „Најдолгиот пат“ на најдобрите руски пријатели

мај 9, 2025

„Најдолгиот пат“ на Вучиќ до Москва беше нашироко пренесуван во македонските медиуми, речиси од час во час. Кога станува збор, пак, за словачкиот премиер Фицо, домашните медиуми го истакнуваат неговиот „пркос наспроти заканите од Европската Унија“, нарушувајќи ја заедничката надворешна политика на Унијата кон Русија и нејзината целосна инвазија врз Украина последниве три години   […]

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

април 21, 2025

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во обид да издејствуваат објавување нов конкурс за членови на регулаторниот орган за електонски медиуми (РЕМ). Студентите во блокада го поминаа денот со мирно однесување, […]

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

април 18, 2025

Како македонските медиуми го проследија бомбастично најавуваниот тридневен собир на приврзаниците на српскиот претседател Александар Вучиќ изминатиот викенд (11, 12 и 13 април) во Белград? Овој собир, наречен од власта „сесрпски“, а од останатите како контрамитинг на Вучиќ, ја демонстрираше неговата моќ со две клучни пораки: да го прогласи долгонајавуваниот крај на обоената револуција и […]

Се смирува ситуацијата на северот на Косово, барикадите на патиштата се тргнати

октомври 14, 2021

По вчерашните инциденти, утринава во северниот дел на Митровица е мирно, а барикадите што беа поставени на локалните патишта се отстранети, пренесе Н1. Надвор од животна опасност е и лицето кое вчера беше рането во полициската акција: Повредениот е опериран и сè уште е на интензивна нега. Косовскиот министер за внатрешни работи, Џеваљаљ Свечља, на […]

Како за „Ало“ случајот „Рекет“ стана „Ракета“, торбата „Луи Витон“ доби уред за следење и други глупости…

август 15, 2019

Хајката која српските таблоиди, здушни поддржувачи на тамошниот премиер Александар Вучиќ, ја водат против актуелните власти во Северна Македонија, користејќи го случајот „Рекет“ како алатка за напади, е главниот пропаганден лост на регионално ниво кој треба да создаде атмосфера дека владата во Скопје само што не паднала, дека премиерот Заев веќе поднел оставка и дека […]

Дезинформации околу „извинувањата“ на Заев до Тачи и Вучиќ

јули 11, 2019

Српкиот портал „Телеграф“ објави текст во кој се наведуваат детали од разговорот на македонскиот премиер Зоран Заев со косовкиот претседател Хашим Тачи, а во врска со измамата со телефонските разговори што ги имал Заев со лажниот претседател Порошенко и ген-секот на НАТО, Јенс Столтенберг. Порталот, повикувајќи се на вест на „Танјуг“ од Приштина, де факто […]

Анализа: Измамениот Заев – вест со краток здив, но со можни последици по премиерот и по државата

јули 11, 2019

Веста на неделата – измамничките телефонски разговори на премиерот Зоран Заев со двајцата руски, наводно, шегобијци – нема капацитет подолгорочно да се задржи во медиумскиот простор во земјата и светот, но можно е да има импликации по угледот на Република Северна Македонија и секако, импликации по угледот на премиерот лично. Ова е заедничка констатација на […]

Уапсени две лица за нападот врз српскиот опозициски лидер Стефановиќ во Крушевац

ноември 24, 2018

Српската полиција соопшти дека синоќа уапсила две лица осомничени за нападот врз Борко Стефановиќ претседателот на партијата Левица на Србија и еден од основачите на опозискиот Сојуз за Србија, пренесува „Истиномер:Вести“. Во петокот, пред трибина на неговата партија во Крушевац, Стефановиќ го нападнала група маскирани лица вооружени со палки и метални шипки, кои претепале уште […]

Војна со информации меѓу Белград и Приштина по посетата на Тачи на северот на Косово

септември 30, 2018

Нови тензии меѓу Белград и Приштина предизвика вчерашната ненадејна посета на северот на Косово на претседателот Хашим Тачи и веднаш потоа избрзаната реакција на Белград со кревањето на највисоко ниво на степенот на готовноста на војската и полицијата, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Сето почнало кога провладините медиуми во Србија објавија дека големи сили […]

Вучиќ: Шокиран сум од најавите на Унгарија дека ќе дигне ѕид на границата

јуни 18, 2015

Александар Вучиќ, премиер на Србија, изјави дека е изненаден од најавата дека Унгарија ќе изгради ѕид долж српско-унгарската граница поради проблемите со мигрантите. Тој нагласи дека тоа нема да биде решение бидејќи Србија не е виновна за тој проблем. Вучиќ најави и разговори со унгарските власти. Според најновиот извештај на УНХЦР, бројот на бегалците и […]

Вучиќ: Србија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија

јуни 4, 2015

Денеска завршува посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ на САД, за време на која во низа средби разговараше со американски официјални лица и со претставници на бизнис-групи, за билатералните односи, економската соработка и за поддршката на Вашингтон за европскиот пат на Србија. И политичката ситуација во Македонија била едно од прашањата за кои Вучиќ разговарал […]

Иванов се сретна со Вучиќ

февруари 16, 2015

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Александар Вучиќ, претседател на Владата на Република Србија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, по повод одржувањето на втората заедничка седница на Владите на Република Македонија и на Република Србија. Претседателот Иванов искажа задоволство од размената на меѓусебни посети, оценувајќи дека тоа претставува индикатор […]

Груевски се сретна со Вучиќ

февруари 16, 2015

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, се сретна со премиерот на Србија, Александар Вучиќ. По средбата, почна и заедничката седница на двете влади. По завршувањето на седницата, се очекува двајцата премиери да дадат изјава.

ЕУ: Јоханес Хан ќе ѝ помага на Србија да привлече странски инвестиции

ноември 20, 2014

Новиот еврокомесар за претпристапни прговори, Јоханес Хан, ја оствари својата прва посета во регионот на Западен Балкан, во Србија, каде се сретна со премиерот Александар Вучиќ. На нивната заедничка прес-конференција, еврокомесарот најави дека многу често ќе ја посетува Србија и дека ќе организира инвестициска конференција за привлекување странски инвеститори, додавајќи дека тоа ќе помогне да се […]

Рама во Белград пречекан со највисоки државни почести

ноември 10, 2014

Албанскиот премиер Еди Рама во Белград беше пречекан со највисоки државни почести. Тоа е прва посета на еден албански државник на Србија по 68 години. Претпладнево пред Палатата на Србија, Рама беше пречекан од неговиот домаќин, српскиот премиер Александар Вучиќ. Според протоколот, беа интонирани химните на двете земји, по што Рама и Вучиќ ја почнаа […]

Историска средба: Рама во четири очи со Вучиќ

ноември 10, 2014

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ќе престојува во Белград. Првата закажана посета минатиот месец беше откажана по инцидентот на натпреварот на фудбалските репрезентации на Србија и на Албанија во Белград. Предвидено е тој да разговара со српскиот премиер Александар Вучиќ, по што е најавена пленарна седница на двете делегации. Ова е прва официјална посета […]

Иванов на средба на Европската група на Трилатералната комисијa во Белград

ноември 1, 2014

Скопје – Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе учествува на 38. средба на Европската група на Трилатералната комисијa, која ќе се одржи во Белград. Според протоколот, тој треба да оствари средба и со српскиот премиер Александар Вучиќ. Иванов ќе се обрати и пред најголемите светски и европски банкари и индустријалци, како и поранешни и сегашни политичари, […]

Страна 1 од 1