fbpx

Се прелеваат браните Градче и Калиманци, подготвени 5.000 вреќи песок

-

Додeка се најавуваат обилни врнежи од дожд во попладневните и во вечерните часови, тешката механизација е на терен во Кочанско за расчистување на неколку канали кои се закануваат со поплавување на селата Чифлик, Чешиново и Облешево.

Дополнително се градат наноси на реката Бегалница кај Чешиново за да се заштитат блиските куќи, кои минатата година настрадаа во поплавите. Синоќа заседавал Кризниот штаб, каде е договорено да се работи и на расчистување на теренот кај селото Уларци, кое е под закана на Злетовска Река.

Подготвени се повеќе од 5.000 вреќи со песок, како евентуална заштита во случај да надојде Брегалница. Доза грижа создава информацијата дека од синоќа почнаа да прелеваат браните Градче кај Кочани и Калиманци кај Македонска Каменица.

Од Калиманци истекуваат два до три литри вода во секунда, што дополнително ја комплицира состојбата. Сепак, вчерашниот ден без врнежи донесе намалување на водостојот на Брегалница. Кај мерното место кај штипско Ново Село има опаѓање на нивото на водата за 30 сантиметри. Но, и со ова опаѓање, водостојот го надминува критичното ниво.

Магистралниот пат Кочани – Делчево сè уште е во прекин, иако според „Македонија пат“, неофицијално е во функција. Се чека одобрување од сообраќајниот инспектор, иако поголемите одрони се расчистени. И понатаму се работи на заобиклни патеки околу големите одрони.

Речиси да нема пат во Источна Македонија каде нема одрони, соопштуваат од „Македонија пат“, но тие тековно се расчистуваат.

И понатаму се затворени патот Долни Подлог  – Облешево, кој превентивно е раскопан за протек на водата, додека до селото Теранци се оди преку подолгиот пат, преку Зрновци, бидејќи е затворен патот од Облешево.

Состојбата активно се следи, особено по најавата за нови врнежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...