Две лица од тетовско се лишени од слобода поради сомнение за извршен незаконит лов. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера попладне, 44-годишниот П.Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ.Л. од Фалише биле приведени под сомнение дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му отстрелаат свиња и да му ја донесат на второосомничениот.
Дивата свиња, по отстрелот, била товарена и донесена со возило, но била одземена и предадена на Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци“, соопшти полицијата.