fbpx

СДСМ: В среда одлука за спорните гласачи во избирачкиот список

-

„Стратегијата на СДСМ за средбата со германскиот пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, е одамна позната и јасна. Барањата за реформи во медиумите, Уставниот суд да се произнесе за СЈО и за владење на правото се одамна познати“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Тој додаде дека неговата партија нема да отстапи од овие барања. Манчевски, исто така, како одговор на новинарско прашање, рече дека в среда би требало да се знае што ќе се случи со спорните 40.000 гласачи од избрачкиот список.

– Мислам дека конечно в среда, на состанокот на работната група со ДИК, би требало да има некакво решение за спорните гласачи. Тоа не се гласачи што ќе се бришат од избирачкиот список, туку наводни гласачи кои немаат право на глас и за кои допрва треба да донесеме решение. Ако се сеќавате, Никола Груевски еднаш рече дека ќе прифати сè од СДСМ што е поврзано со избирачкиот список. Јасно е дека и тогаш излажа затоа што, еве, како што можете да видите, тој не го прифаќа нашиот предлог за спорните гласачи – рече Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...