fbpx

СДСМ: Тодоров не го почитува упатството за грип што самиот го донел

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го обвини министерот за здравство во оставка, Никола Тодоров, дека не го почитува упатството за грип што самиот го донел и go потпишал на 27 февруари 2015 година.

Од партијата велат дека набавени се десетици илјади вакцини за грип помалку од потребното, а и тие што се набавени, на граѓаните им се наплаќаат по двојно повисока цена од набавната.

– Никола Тодоров во упатството го навел примерот на Финска каде бесплатна вакцина примаат лица кои можат да имаат сериозни последици од грипот, како бремени жени, сите лица над 65-годишна возраст, сите деца на возраст од 6 до 35 месеци и останатите ризични групи граѓани. Но, Тодоров во реалноста не само што не постапил според своето упатство, туку не ја испочитувал ни препораката на Светската здравствена организација, да се вакцинираат 75 отсто од старите лица, како и лицата кои спаѓаат во приоритетните ризични групи во Македонија. Вакцинирани се само 7,7 отсто од лицата на возраст над 65 години и само 10 деца на возраст до 5 години, а вакцината со набавна цена од 171 денар, граѓаните ја плаќале по 400 денари – изјави денеска Злате Мехмедовиќ, член на комисијата за здравство на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...