Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во интервју за „Гласот на Америка“ на албански јазик вели дека во Македонија се врши притисок за непочитување на принципот според кој „победникот кај албанската заедница го избира партнерот победник кај македонската заедница“.
Во интервјуто Османи ги обвини медиумите дека вршат притисок за непочитување на овој принцип.
„Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2008 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важно – за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката што ја имаат изборите кај самите Албанци“, изјави Османи.