fbpx

СДСМ: По 11 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ го издигнува пописот на пиедестал

-

„Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ едно да зборува, а друго да прави. Најфлагрантен пример за тоа ви е нивното денешно барање за спроведување попис. По 11 години владеење, по потрошени повеќе од 14 милиони евра, наши, граѓански пари и неуспешно спроведување попис, сега го издигнуваат пописот на пиедестал како еден од приоритетите на Македонија“, одговори портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на новинарско прашање околу денешната презентацијата на манифестот на ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов смета дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов нема што да бара.

„Единствено може да исполни мирно примопредавање на власта и откочување на демократските процеси, за доброто на граѓаните, на Македонија и за нив поединечно. ВМРО-ДПМНЕ во моментов во Собранието и преку претседателот Ѓорге Иванов ги блокира демократските процеси во Македонија. Ако се нивните заложби искрени, во тој случај ќе треба да следи процес на мирно предавање на власта, за да се спроведат токму и реформите“, изјави Шилегов.

Прашан за тоа дали имаат план за деблокада на работата на Собранието, Шилегов одговори дека немаат против дебата во Собранието и секој од пратениците да има право да дебатира.

„Се прави груба злоупотреба на деловникот на Собранието со тоа што пратеници од иста пратеничка листа, што утре претпоставува и пратеничка група, си реплицираат и си контрареплицираат самите на себе. Го губат сопственото време и, многу поважно, го губат времето на граѓаните“, одговори Шилегов.

Во однос на посетата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на Македонија и дали постои оптимизам дека ќе успее да го разубеди Иванов да го даде мандатот, Шилегов изјави дека „Ѓорге Иванов не може со правно насилие да го урнисува правниот поредок и уставното уредување на Македонија и да ги стопира демократските процеси.“

„Треба да се врати на она што е негова задача како претседател на државата, а тоа е да има трансфер на мандатот кон парламентарното мнозинство,“ изјави Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...