fbpx

СДСМ: Пешевски му го чува стравот на Груевски од губењето на изборите

-

Катастрофалните економски резултати се главна одлика на господинот „дил-ориентед“ и на неговиот претпоставен Никола Груевски, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Владимир Пешевски.

– Дали Владимир Пешевски сака да му го чува стравот на Никола Груевски од губењето на власта или својот страв. Тоа e оној Владимир Пешевски за кој Никола Груевски рече дека е „дил-ориентед“, во еден од објавените разговори од проектот „Вистината за Македонија“. Поради нивните „дил-ориентед“ политики, 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред сè, млади, образовани луѓе, според официјални податоци на Светска банка. Поради Никола Груевски, повеќе од 180.000 граѓани живеат со 40 денари на ден. „Дил-ориентед“ политиките на Груевски и на Пешевски затворија повеќе од 10.000 фирми во земјава, а секоја трета фирма е со блокирана сметка – реагираат од опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...