fbpx

СДСМ: Пациентите на онкологија не успеваат да дочекаат дијагностички преглед

-

„Не си ги купуваат пациентите сами лековите само на Клиниката за кардиологија. Не им дошепнуваат само лекарите на кардиологија на семејствата на болните дека лекови нема. Министерот Тодоров одмолча за кардиологија, но сега треба да објасни и за состојбите на Клиниката за онкологија. Тодоров е должен да ѝ соопшти на јавноста колкав број граѓани болни од рак не успеваат да ги дочекаат закажаните дијагностички прегледи, поради непотребните процедури што ги воведе“, изјави денеска пред Клиниката за онкологија, Дејан Гацов, член на комисијата за здравство на СДСМ.

– Следна грижа на граѓаните што имале среќа да стигнат до дијагностички преглед, е да дојдат на ред навреме да се оперираат. Откако ќе се оперираат, на Клиниката за онкологија ги чека нов стрес. Цитостатикот што треба да го примаат најчесто не е на позитивна листа. Мораат сами, од свој џеб да го купат, иако цел живот плаќаат редовно задолжително здравствено осигурување! При тоа, вработените на клиниката тивко им шепнуваат на семејствата дека во Македонија „тој“ цитостатик „на приватно“ е 200 евра, а во Бугарија е само 30 евра. Седумпати поевтин! Зошто болните од карцином се доведени во оваа состојба? – праша Гацов.

Според него, Тодоров нема право да молчи.

– И така на негова совест се многу пациенти, дел од нив, за жал, деца, кои поради лошите приоритети и непотребните процедури што ги воведе оваа власт, ја изгубија битката со болеста. За катастрофалните состојби во здравството, кријат медиумите под контрола на Груевски корумпирани со пари од граѓаните. Раководствата на клиниките немаат право да ги бранат политиките на Никола Тодоров на штета на здравјето на граѓаните, од кои примаат плата. Оваа власт на чело со Тодоров и со Груевски го урна до темел јавното здравство и ги загрози животите на пациентите. За тоа ќе ја добијат својата казна од граѓаните кои ќе изберат одговорна Влада – вели Гацов.

СДСМ, рече тој, во својата програма има конкретни мерки за квалитетно јавно здравство и здравствени услуги чијшто приоритет е здравјето на граѓаните, а не тендери и бизниси.

– Ќе ја вратиме вербата кај граѓаните дека за тие што ќе имаат потреба, ќе биде направено сè што е можно во рамките на медицината за да бидат излекувани. Ќе направиме сериозна ревизија на вистинското потребно време за поставување дијагноза и најбрз почеток на третман за сите сериозни заболувања. Јавно и транспарентно ќе ги објавиме протоколите по кои се третираат онколошките пациенти и достапните терапии на клиниката. Дошепнувања нема да бидат повеќе потребни – заклучи Гацов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...