fbpx

Директорот на „Идризово“ потврди дека Бошкоски може да биде предвремено ослободен

-

Поради водење друга кривична постапка именувана како „Ровер“, во која еден од обвинетите е Љубе Бошкоски и за која е закажано рочиште на 8 април 2016 година, се разгледува можноста за предвремено отпуштање на осуденото лице, вели во соопштението директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејовски, по денешниот протест пред оваа институција.

Тој ги отфрла наводите за каквa билo политичка вмешаност и за вршење притисок од кого било во остварувањето на правата и во третманот на осудените лица.

„Во согласност со член 206 од Законот за извршување на санкциите, експлицитно е наведено дека осуденото лице може да се отпушти пред истекот на казната затвор, и тоа до 90 дена за казна затвор до пет години. Горенаведената законска одредба предвидува можност за отпуштање на осудено лице пред истекот на казната затвор и тоа не од три месеци, туку до три месеци, поради што неточни се наводите дека трите месеци му следуваат на осуденото лице Љубе Бошкоски како право. Користењето на предвидената законска можност се преиспитува за секој случај поединечно, имајќи ги предвид другите околности за личноста и кривичната постапка која е во тек, како и можните ризици во однос на текот на оваа постапка. Во насока на објективно и професионално информирање на јавноста, барам да се почитува уставното начело за објавување на реакцијата во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија“, се вели во писмото на Пејовски упатено до јавноста.

Петгодишната затворска казна на која беше осуден поради незаконско финансирање изборна кампања, на Бошкоски му истекува на 6 јуни оваа година, но според законот за извршување на санкциите, директорот на установата може да го пушти 90 дена порано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...