СДСМ: Народна банка ги потврди виртуелните инвестиции на Груевски

-

„Во реалноста ниту има странски инвестиции ниту има нови работни места. Виртуелните инвестиции и виртуелните зони на Никола Груевски не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре“, пишува во соопштение на СДСМ.

„На местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, во Охрид, има депонија! Денеска Народна банка објави дека во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија влегле само 8,5 милиони евра странски инвестиции. Тоа значи дека во тој квартал од годинава, во Македонија влегувале само по околу 2,8 милиони евра месечно странски инвестиции. Само 2,8 милиони евра странски инвестиции месечно е потврда за сите виртуелни инвестиции на Никола Груевски“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека со објавувањето на овој најнов податок, Народна банка и официјално ги потврди виртуелните странски инвестиции на Никола Груевски, со кои тој виртуелно се расфрла пред заминување.

„Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, „мерцедесот“ од 600.000 евра, очилата од 60.000 долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...