fbpx

СДСМ: Македонија нема договор со САД, чии сметки крие Груевски?

-

„Ова е федералниот американски закон за даночна усогласеност на нерезидентни сметки (US Foreign Account Tax Complience Act FATCA). Според тој закон, сите државјани на САД, вклучително и оние кои живеат надвор од САД, мора да ги пријават сите свои банкарски сметки надвор од САД од даночни причини“, истакна на денешната прес-конференција Тихомир Илиевски, член на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, според кој, овој закон е понуден како основа за меѓудржавен договор и на други влади и држави. Тој истакна дека 52 држави веќе го потпишаа ваквиот билатерален договор со САД, додека уште 60 држави постигнаа суштински договор во иста насока и почнаа процедура за потпишување и за приклонување кон договорот, освен Македонија.

„Дополнително, законот предвидува обврска за странските финансиски институции да ја информираат американската даночна управа за сите нивни американски клиенти. Целта на законот била да се оневозможи криењето на имот од страна на американски граѓани со офшор-сметки и со корпорации и да се ограничат можностите за даночни прекршувања. Сите членки на ЕУ го сторија тоа. Државите од нашето соседство го сторија тоа: Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Хрватска. Македонија ја нема на овој список. Нашата држава нема дадено поддршка за спроведување на овој закон. Владата на Груевски мора да одговори чии пари и сметки ги крие? Владата на Груевски мора да одговори зошто не се приклучи на земјите од соседството и зошто не прифаќа закон на нашиот стратегиски сојузник САД? Зошто македонската влада застана на страна на даночните прикривачи?“, рече Илиевски.

СДСМ, истакна Илиевски, бара јасни и директни одговори: Дали ги крие сметките на министрите со двојни пасоши? Дали заштитува даночни престапници? На кои поединци или фирми им овозможува да не плаќаат данок? Кои бизнис-интереси им се побитни од Македонија и од нејзините стратегиски односи со САД? Кои нерезидентни сметки ги крие Груевски?

„Непотпишувањето на овој договор може негативно да се одрази и на економската соработка со САД, бидејќи законот предвидува американската УЈП да може да пресмета данок од 30 проценти на сите трансфери кон земји кои нема да пристапат кон законот. Очигледно, Груевски ги казнува македонските граѓани кои ги почитуваат законите за да ги заштити своите или бизнис-интересите на блиските до себе“, заклучи Илиевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...