fbpx

СДСМ: Извештајот на ОЛАФ за перењето пари на „Актор“ е доказ зошто Зврлевски мора да си оди

-

Извештајот на Европската агенција за борба против корупцијата (ОЛАФ) со обвинението против грчката фирма „Актор“ за перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица е потврда за скандалозното непостапување на Марко Зврлевски и доказ зошто тој треба итно да си оди, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека таа уште во 2014 година објавила дека постои сериозен сомнеж за криминални активности повразни со изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица.

„Речиси три години не постои никаква правна разврска на овој случај во Македонија токму поради блокираните институции и непостапувањето на Марко Зврлевски. Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ го штити Зврлевски, но јасно е и зошто Зврлевски мора да ја напушти фунцкијата, која ја злоупотребуваше со години. Правдата и правната држава ќе се вратат и тоа е најголемиот страв на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на Марко Зврлевски и на Никола Груевски“, стои во соопштението на СДСМ.

Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница, а името на „Актор“ стана актуелно во 2014 година, кога СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки незаконски биле извлечени 3,5 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...