СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни ставови кога би се одржале претседателските и парламентарните избори

Засега нема зближување на двете партии во однос на терминот кога би се одржале изборите

-

Владејачката партија СДСМ останува на ставот претседателските и парламентарните избори догодина да се одржат во редовниот термин и да се одржат одвоено едни од други, додека ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да се организираат двата изборни циклуси на еден датум. Засега нема зближување на двете партии во однос на терминот кога би се одржале изборите.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија изјави дека став на партијата е да се одржат редовни избори кои ќе бидат одвоени, бидејќи е соодветно да имаме полн мандат на Владата и полн мандат на Претседателот, а за термините може да се разговара.

„Нашиот став за редовните избори да бидат одвоени е принципиелен, соодветно е да имаме полн мандат на Владата и полн мандат на Претседателот еднаш засекогаш. Ставот е одвоени избори, но спремни сме да разговараме за термините во работни групи. Отворени сме за разговори. Има доволно време, ние сме спремни и не калкулираме, ниту држиме прес-конференции со пишани датуми. Несвојствено е да се има кампања за време на верски празници, на пример, сега тоа треба да го имаме предвид. Мултикултурализмот во нашата земја носи и различни моменти“, рече Битиќи.

СДСМ не го зборува сценариото за уставна криза, туку опозицијата го наметнува во јавноста веројатно размислувајќи или правејќи сценарио претседателските избори да бидат неуспешни, додаде Битиќи.

„Ако една политичка партија повика на бојкот тоа е реалноста, во спротивно нема зошто да бидат неуспешни изборите. Можеби тоа е едно сценарио кое се развива во одредени политички кулоари но не во СДСМ. Затоа што ние сме докажале дека се грижиме и за државата и интересот на државата а политичката битка е политичка и ние сме подготвени“, рече потпретседателот Битиќи.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, имаат спротивставена позиција, тврдејќи дека за два изборни циклуса би се потрошиле по 10 милиони евра.

Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, утрово во изјава за радио „Лидер“ вели дека има неколку причини зошто претседателските и парламентарните избори треба да се одржат на еден датум.

„Прво, економски исплатливо е да не се трошат два пати по 10 милиони евра, да се заштеди на буџет кога имате незадоволни пензионери и немате учебници во образованието. Второ, да не влезе државата во уставна криза. Минатите претседателски, цензусот на излезеност беше 46% проценти. Според последниот попис имаме 9,6% помалку резидентно население од претходниот попис и тоа за 2021 зборувам“, изјави Милошоски, додавајќи дека постои ризик дел од гласачите да не излезат на претседателските избори и да се доведеме во ситуација да имаме неизбран претседател.

Милошоски тврди дека заедничките избори ќе ја избегнеле ситуацијата да се има осуммесечен грч на институциите, бидејќи стапува на сила изборниот законик и намалена е функционалноста, набавките, дејствувањето, огласите и други надлежности на институциите.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...