fbpx

СДСМ и НВО: Никола Груевски го прекрши договорот од 2 јуни

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и од носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, попладнево се сретнаа со претставници  на невладините организации, граѓанските организации и на граѓанскиот сектор во коалицијата Граѓаните за Македонија.

Како што пишува во соопштението на СДСМ, невладините организации ѝ дале целосна поддршка на опозицијата.

„Едногласно е констатирано дека договорот од 2 јуни е прекршен од Никола Груевски, поради што ќе се интензивираат формите и механизмите за реализација на активностите за смена на режимот и за враќање на демократијата во Македонија. На средбата со претставниците на невладиниот и на граѓанскиот сектор, беа разменети мислења за начините за постигнување на оваа неопходна цел за граѓаните на Македонија. Партнерите од коалицијата Граѓаните за Македонија се подготвени на меѓусебна координација за мобилизација на демократската јавност во земјава. Следните избори мора да бидат фер и демократски, на кои граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја. Никола Груевски ја узурпираше позицијата премиер и нема право да организира избори. Коалицијата Граѓаните за Македонија тоа нема да го дозволи, заклучено е на денешната заедничка средба“, пишува во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...