Савче Ѓошева е новата студентска правобранителка на УКИМ

Изборот на студентски правобранител го врши универзитетскиот Сенат на предлог на Универзитетското студентско собрание. За својата работа, студентскиот правобранител поднесува годишен извештај до Сенатот на универзитетот

фото: УСС УКИМ

Студентката Савче Ѓошева е избрана за нова студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ).

Ѓошева е студентка на Филолошкиот факултет, а претходно ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, до изборот на новиот претседател Александар Николовски.

Од УСС УКИМ им порачуваат на студентите, доколку се случи нивните права во текот на студиите да се прекршат, без размислување да поднесат претставка до студентската правобранителка на адресата [email protected].

Изборот на студентски правобранител го врши универзитетскиот Сенат на предлог на Универзитетското студентско собрание. За својата работа, студентскиот правобранител поднесува годишен извештај до Сенатот на универзитетот.

Функцијата студентски правобранител на УКИМ досега ја извршуваше Викторија Постоловска.