fbpx

САД и ЕУ ја критикуваат Приштина за укинувањето на специјалното обвинителство

-

САД и Европската Унија соопштија дека се спротивставуваат на каква било акција од страна на косовското раководство да изврши притисок за ставање крај на судот за воени злосторства поврзани со борбата за независност од 1998 до 1999 година, нарекувајќи го ова „ужасна идеја” што ќе доведе до изолација на земјата.

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави изјави дека таквиот потег ќе има „исклучително негативни импликации” за државата.

-Тоа е само срам. Ова ќе биде сфатено од страна на САД како чекор одназад. Косово ќе ја избере изолацијата наместо соработка – изјави Делави.

Косовскиот специјален суд, со седиште во Хаг, Холандија, беше формиран како резултат на притисокот на САД и ЕУ врз косовската влада да осигури одговорност за оние кои се виновни за наводни воени злосторства од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК) против етничките Срби во текот на војната за независност.

Судиските судии и обвинители се главно од САД, Канада или ЕУ. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, претседателот Хашим Тачи и претседателот на парламентот Весели се поранешни команданти на ОВК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...