fbpx

Хојт Ји: Скопје и Атина имаат одлична можност за решавање на спорот со името во 2018

-

Скопје и Атина имаат одлична можност за решавање на спорот со името во 2018, вели американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји за грчката новинска агенција „АМНА“.

Тој смета дека по локалните избори премиерот Зоран Заев има чист мандат од народот да продолжи со основните реформи.

-Верувам дека Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат прашањето со името во 2018. Лидерството и добрата волја што ги покажаа двете влади во ова прашање се охрабрувачки. Преговорите ќе бидат тешки и двете страни ќе треба да направат компромиси, но почетните консултации, под медијаторство на специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, се чини дека беа конструктивни. Продолжуваме да го поддржуваме процесот во Обединетите Нации и ги охрабруваме двете земји да преговараат со добра верба, со посредство на Нимиц –вели Ји.

Според него, охрабрува позитивниот тон што го гледа од македонскиот премиер, особено во однос на подобрување на односите со соседите.

-И двата круга на локалните избори кои неодамна се одржаа беа многу конкурентни и се одржаа во клима на почитување на основните слободи. Гласот на народот на земјата беше силен и јасен, потврдувајќи ја јавната поддршка на промените што ги претставува владата на Заев. Премиерот Заев има јасен мандат да продолжи со промовирање на клучните реформи – додава Ји.

Во однос на шпекулациите и информациите во медиумите дека тој би можел да биде нов американски амбасадор во Македонија, Ји вели дека не постојат такви планови, бидејќи Белата куќа е единствена надлежна за тие прашања и до сега нема соопштено ништо такво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...