fbpx

Руинираниот објект на поранешната специјална детска болница ќе прерасне во луксузен хотел

-

Засега неидентификуван купувач од Скопје, на јавна аукција ги купил објектите од поранешната детска болница во Охрид, за сума од 1.200.000 евра. За вкупната површина од 6.700 квадратни метри платил по 11.000 денари од еден квадратен метар.

Од локалната самоуправа појаснија дека тие ќе се водат само од долгорочните интереси на градот Охрид и на неговите граѓани.

– Продажбата нема никогаш да се случи според тоа дали на градот Охрид му требаат пари или не доколку таа не содејствува со она што претставува долгорочна стратегија и визија за развој на Охрид. Атрактивното градежно земјиште ќе може да се продава во оној момент кога ние ја определуваме намената на тоа земјиште, а која треба да биде во интерес на идниот развој на градот – велат од Општина Охрид.

Руинираните објекти, на самиот езерски брег, со огромна плажа и со парковски површини во туристичката населба Свети Стефан, ќе преснат во луксузен хотел од висока категорија со пет ѕвезди.

Обејктот во моментов е во очајна состојба. Напуштен, со извадени прозорци и со разграбен инвентар. По затворањето на болницата, била уништена и документацијата од работењето на оваа установа, во која се лекуваа и рехабилитираа деца од цела Македонија, а претходно и од поранешна Југославија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...