fbpx

Расправата за ребалансот на буџетот почнува денеска во матичната комисија

-

Расправата по новиот ребаланс на буџетот за 2016 година почнува денеска во собраниската комисија за финансирање и буџет.

Со ребаланост се бараат дополнителни 36,4 милиони евра кои треба да се искористат за санирање на штетите во поплавените подрачја.

Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Приходите остануваат непроменети, на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари.

Вчера Собранието ги усвои промените во Законот за буџет кои предвидуваат Владата во време на непогоди да одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот, без одобрение од Собранието, односно без да се прави ребаланс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...