fbpx

Путин: Русија се залага за нормализирање на трговските односи со Украина и со ЕУ

-

Русија и понатаму се залага за решавање на трговските спорови со ЕУ и со Украина, изјави денеска рускиот претседател, Владимир Путин.

– Мислам дека ќе се вратиме на тие прашања повеќепати. Сакаме нормализација на односите во трговијата со своите партнери, со Украина и со ЕУ – рече Путин.

Рускиот претседател минатата недела им наредил на претставниците да ја суспендираат спогодбата за слободна трговска зона со Украина од 1 јануари следната година поради „вонредните околности што ги погодуваат интересите и економската безбедност“ на Русија.

Украина и ЕУ почнуваат да го применуваат билатералниот договор од 1 јануари.

Првиот потпретседател на руската влада, Игор Шувалов, рече дека Москва е подготвена да учествува во разговори и во потрага за компромис за трговскиот договор меѓу ЕУ и Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...