Рускиот претседател Владимир Путин им наредил на руските сили да почнат повлекување од Сирија.
– Им наредувам на министерот за одбрана и на шефот на Генералштабот да почнат со повлекување на руските сили во нивните бази – рече Путин за време на денешната најавена посета на базата Хмеимим во сириската провинција Латакија, прв пат по нејзиното формирање.
Путин се сретнал со сирискиот претседател Башар ал Асад и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгун, по што заминал за Каиро, на разговори со египетскиот колега, Абдел Фатах ал Сиси за проширување билатералните односи и за регионалните прашања.
Русија воено го поддржуваше Асад во војната во која загинаа стотина илјади лица, а милиони се раселени откако почна конфликтот во 2011 година.