fbpx

Путин бара замрзнување на производството на нафта

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се заложи Русија и ОПЕК, кои заедно произведуваат половина од нафтата во светот, да постигнат договор за замрзнување на производството, кој не би важел за Иран.

Картелот произведувачи на нафта размислуваат да го замрзнат производството поради падот на цената на „црното злато“, но Иран, кому минатата година му беа симнати санкциите, се не согласува со тоа сè додека не го врати уделот на пазарот што го имаше пред воведувањето на ембаргото.

Во интервју за „Блумберг“, Путин рече дека „од економски и од логички причини, би било исправно да се најде некој вид компромис“.

– Уверен сум дека тоа го разбираат сите. Верувам дека тоа е вистинска одлука за светската енергија – рече Путин.

Разговорите во ОПЕК во април пропаднаа поради прашањето дали на Иран треба да му се дозволи да го зголемува производството, на што најмногу се противеше сунитската Саудиска Арабија, која е најголем ривал на шиитскиот Иран.

Цената на нафтата во август се зголеми за повеќе од 10 отсто поради шпекулациите дека ОПЕК ќе постигне договор со произведувачите надвор од картелот на неформалниот состанок во Алжир, закажан за септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...