fbpx

Првомајски синдикални пораки: Работниците заслужуваат достоинствена плата и пристојно работно време

-

Повисоки и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори, се главните барања на двата најголеми синдикати во земјава, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), кои денеска, во рамките на одбележувањето на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ги испорачаа до Владата.

ССМ и КСС денеска организираа два, одвоени првомајски протестни маршеви низ скопските улици, што беа поддржани од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) со апел за обединување на сите синдикати.

Дарко Димовски, претседател на ССМ истакна дека овој 1 Мај, работниците и синдикатите во Македонија, за жал, се борат за зачувувањето на цивилизациската придобивка на осумчасовен работен ден, кое Владата сака да го укине и да воведе 12 часовен работен ден или 60 часовна работна недела. Тоа, смета тој, треба да ги обедини работниците на протест, поради тоа што ваквата намера на Владата ја враќа Македонија 137 години во минатото.

„Покачувањето на функционерските плати за 78% или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството,“ порача Димовски. Тој апелираше и до другите синдикати, како и до сите работници и граѓани, да им се придружат и заедно да го изразат незадоволството.

Конфедерацијата на слободни синдикати својот првомајски марш го одржа пред тој на ССМ. Синдикалците маршираа низ скопските улици до Владата, каде под транспарентот „Кебап за работникот – бифтек за владата“, на приситните граѓани им поделија ќебапи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...