fbpx

Прв работен состанок на Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагониско

-

Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, беше одржан првиот работен состанок на Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион.

Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион претставува облик на меѓуопштинска соработка ,која ќе обезбедува поддршка на општините, бизнис-заедницата, невладиниот сектор, јавниот сектор и на сите други засегнати страни од Пелагониско во областа на регионалниот развој, а со акцент на економскиот развој.

Членки на Интегрираната мрежа за регионален развој се девет општини од пелагонискиот регион, регионалните стопански комори од Битола и од Прилеп, занаетчиските комори од Битола и од Прилеп, локалните акциони групи на општините Могила, Ресен и Кривогаштани, Универизтетот „Св. Климент Охридски“, Фондацијата „Пелагонија – Преда“, Федерацијата на фармери- подружница Прилеп и Здружението за одржлив урбан развој „Архитектура и амбиент“.

На работниот состанок, во присуство на претставници на УНДП, Министерството за локална самоуправа и членките на мрежата, за претседател на на Интегрираната мрежа за регионален развој беше избрана Емилија Ѓероска, раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Исто така, на работниот состанок беше усвоен и деловникот за работа на ИМРР, а беше презентирана и методологијата за изработка на програмата за работа на Интегрираната мрежа за регионален развој за 2015-2017 година.

Проектот Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион“ Центарот за развој на Пелагонискиот регион го реализира во соработка со деветте општини во пелагонискиот регион, а финансиски и технички е поддржан од Министерството за локална самоуправа и од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Б.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...