fbpx

Просечната плата во април се искачи на 25.830 денари, но не и за погодените сектори од ковид-19

-

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави пад на нето платите во најпогодените сектори од корона вирусот: туризмот, угостителството и транспортот. Според денешното соопштение, во април 2020, во однос на март годинава, намалување на платите имало во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 9 отсто, стручни, научни и технички дејности за 6,9 отсто и транспорт и складирање за 6,6 отсто.

Драстичен пад на висината на платите во април годинава, во однос на претходниот месец, имало кај туристичките агенции, организаторите на патувања и други резервациски услуги, и тоа од дури 19,5 отсто. Додека во април 2020, во споредба со истиот месец лани, намалувањето на платите во овој сектор изнесува 23,4 отсто. Инаку, просечната нето плата во секторот во април оваа година е 15.102 денари.

И покрај негативното влијание на корона вирусот врз платите во земјава, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2020 година изнесува 25.830 денари и таа е повисока за 4,2 отсто во споредба со април минатата година. Односно, индексот изнесува 104,2. Зголемувањето просечната нето-плата е резултат на поголемите просечни месечни плати во секторите образование за 12 отсто, други услужни дејности за 6,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 6,4 отсто.

Највисока просечна плата по вработен во април била исплатена во секторот информации и комуникации – 46.494 денари, а најниска во објектите за сместување и сервисни дејности за храна – 15.364 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...