fbpx

Просечната плата се билда со „буџетскиот допинг“

-

Забревтано расте просечната плата во земјава која според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) во декември, минатата година изнесувала 26.836 денари, што е зголемување за 1.049 денари во однос претходниот месец кога просечната плата била 25.787 денари.

Од ДЗС информираат дека пораст на платите во периодот ноември – декември 2019 година имало во секторите: стручни, научни и технички дејности (9,3 %), информации и комуникации (8,4 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (6,8 %).

Истовремено, во новиот извештај за макроекономските показатели, Народната банка регистрира дека во ноември 2019 година, просечната нето-плата забележала стапка на годишен пораст од 5,1 отсто (забрзување во споредба со растот од 3,7% во октомври), што воедно претставува и највисока стапка на пораст забележана во текот на 2019 година.

„Годишниот пораст на платите во одреден дел го одразува покачувањето на минималната плата, покачувањето на платите во јавниот сектор, како и ефектот од мерката за субвенционирање на придонесите поради зголемување на плата“, се вели во извештајот.

Од Народната банка укажуваат дека износот на минималната плата согласно со Законот за минимална плата којшто се исплаќа за периодот април 2019 до март 2020 година изнесува 17.943 денари во бруто-износ, односно 12.507 денари нето-плата. Пред овој период, минималната плата изнесуваше 17.370 денари бруто и 12.165 денари нето.

Оттаму додаваат дека согласно со државниот буџет за 2019 година, извршено е зголемување на платите на докторите специјалисти за 10 отсто од јануари и покачување на платите за 5 отсто на останатиот медицински персонал во јавните здравствени установи со исплатата на јануарската плата во 2019 година, како и дополнително зголемување на платите на здравствените работници за 5 отсто, почнувајќи со исплатата на септемвриската плата во 2019 година.

„Исто така, согласно со одлуката на Владата донесена во мај 2019 година, извршена е нивелација на платите на околу 2.900 вработени од областа на културата, од националните и од локалните установи, почнувајќи од априлската плата за 2019 година. Покрај тоа, со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, започнувајќи со јунската плата, се зголемуваат за 16 отсто платите на воспитувачките, негувателитеките и стручните работници, а согласно со Колективниот договор, зголемување на платата има и кај помошно-техничкиот персонал. Зголемување на платата од 22 отсто добија и социјалните работници со исплатата на јунската плата, а со исплатата на септемвриската плата добија и дополнително зголемување од 5 отсто. Зголемување на платите од 5 отсто имаше за вработените во образованието, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор, почнувајќи со септемвриската плата“, пишува во извештајот.

Во него, се додава дека согласно со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, којшто започнa да се применува со исплатата на ноемвриската плата субвенционирање на придонеси се одобрува доколку зголемувањето на нето-платата е во износ од најмалку 600 до најмногу 6000 денари месечно по осигуреник.

Ваквите зголемувања позитивно влијаат врз порастот на просчената плата, но имаат негативно влијание врз продуктивноста. Имено, во февруарскиот квартален извештај на Народната банка се вели дека од аспект на продуктивноста на трудот, годишното намалување коешто беше забележано во првите две тримесечја продолжило и во третото тримесечје на 2019 година, но забавено.

„Во услови на посилен пораст на вработеноста од порастот на додадената вредност, продуктивноста на трудот е намалена за 1,8 отсто (пад од 2,8 отсто во претходниот квартал). Гледано по сектори, намалувањето во најголема мера произлегува од пониската продуктивност во услужниот сектор. Продолженото зголемување на платите, при истовремен пад на продуктивноста, придонесе за понатамошен пораст на трошоците за труд по единица производ, којшто во третиот квартал изнесуваше 7,1 отсто (8,6 отстп во претходниот квартал). Притоа, најголем дел од порастот се објаснува со повисоките трошоци во услужниот сектор, при помал раст на трошоците во индустријата, а минимално намалување на трошоците е забележано во секторот „земјоделство““, се вели во извештајот на Народната банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...