fbpx

Промовиран првиот индекс за повеќедимензионална детска сиромаштија во земјава

-

Првиот индекс за повеќедимензионална детска сиромаштија во земјава беше промовиран вчера на настанот на тема „Сиромаштијата кај децата во Северна Македонија – семејните примања не се единствениот фактор“ во организација на институтот за економски истражувања и политики, Finance Think и со поддршка на преставништвото на УНИЦЕФ во Македонија.

На овој Форум на политики беше презентиран истражувачкиот труд изработен од институтот Finance Think кој се темели на анализа и детално разгледување на структурите кои влијаат врз сиромаштијата на децата.

Резултатите кои имаат за цел да помогнат кон развој на политики што ќе ја подобрат социо-економската благосостојба на децата беа испрезентирани од специјалиститите и аналитичари Благица Петрески, Бојан Србиноски и Александар Николов кои стојат зад проектот.

Во воведниот дел и отварањето, со краток говор се обрати и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој беше специјален гостин на настанот.

„Сиромаштијата на децата е најдлабока форма на социјална неправда што претставува скандал за секоја држава. Не можеме да кажеме дека живееме во слободно општество се додека има деца кои живеат во сиромаштија“, истакна Пендаровски.

Тој посочи дека сиромаштијата не ја карактеризираат само финансиските средства туку и можноста за живеење достоинствен живот без да зависат од помошта на другите, вклучувајќи ја и државата.

Фото: Мета.мк

По него, свое обраќање имаше и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. Таа ги истакна главните димензии кои ја предизвикуваат сиромаштијата на децата во земјава.

„Недостатоците на едукативни вештини кон културата, недостатокот на грижа за децата, семејно насилство и дефицитот на слободни активности со кои се соочуваат децата ги пронајдовме како водечки димензии во повеќедимензионалната сиромаштија која постои во оваа земја“, рече ДиЏовани.

Од Finance Think соопштија дека се надеваат дека овој завршен настан на оваа иницијатива ќе биде поттик за понатамошна работа на буџетски планови за да се подобри моменталната состојба.

„Се надевам дека овој настан ќе биде само една „провокација“ и еден почеток на натамошна дискусија како овие сознанија да ги преточиме во конкретни политики“, порача Александар Николов, специјалист за социјална политика во канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија.

Фото: Мета.мк

Форумот го проследи и министерката за образование и наука, Мила Царовска која истакна дека оваа тема е од исклучително значење за иднината на државата.

„Токму оваа методологија која што сте ја избрале за да може да се направи анализа и да се покаже кои сегменти се значајни за да ја намалиме детската сиромаштија ќе ни даде поттик како држава. Безбедност, сигурност, живеалиште, образование и здравје се теми коишто директно мора да ги поврзуваме со сиромаштијата на децата ако сакаме да имаме генерации кои ќе си ја гледаат идинината тука и добро осопособена младина“, рече Царовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...