fbpx

Промоција на успешноста со вработување лица со попреченост

-

Во соработка со Општина Велес во локалната библиотека „Гоце Делчев“, УСАИД  ќе го организира четвртиот регионален промотивен настан на кој ќе бидат претставени проектните активности и успешните приказни на лица со попреченост, кои се вработиле или добиле практикантски ангажман преку проект на оваа меѓународна организација.

Проектот на УСАИД за практикантска работа и за вработување лица со попреченост има цел да ја зголеми социјалната инклузија и учеството на лицата со попреченост во целните региони, поддржувајќи го нивното вработување и зголемувајќи ги економските можности.

Проектот почна во август 2012 година и ќе трае четири години. Помошта од проектот е наменета за лицата со попреченост од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар и од Кичево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...