fbpx

Принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ во посета на Охрид

-

Во дводневна неофицијална посета на Охрид престојува принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, единствената ќерка на кнезот – кралски намесник Павле Караѓорѓевиќ и на кнегињата Олга.

Општина Охрид ѝ приреди дочек со официјална делегација на охридскиот аеродром.
Принцезата ќе има прошетка низ градот, ќе ги посети најзначајните културно-историски споменици во старото градско јадро, како и продавниците за филигран и за охридски бисер.

Принцезата Јелисавета е родена во Белград, како единствена ќерка на југословенскиот кнез Павле и на грчката и данска кнегиња Олга. Нејзин постар брат е принцот Александар. Таа е во второстепено сродство со шпанската кралица Софија и со принцот Чарлс од Велс, а исто така е роднина и со принцот Мајкл, сегашен војвода од Кент, и со принцезата Александра од Кент. Потомок е на српската кралска династија која владеела со Србија, а потоа и со кралствата СХС и Југославија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...