fbpx

Претседателот Пендаровски во Њујорк на Генералното собрание на ОН

-

Претседателот Стево Пендаровски во наредните денови ќе учествува на Генералниото собрание на Обединетите нации во Њујорк. Пендаровски во четврток на 23 септември, ќе се обрати пред останатите учесници на 76. сесија на собранието.

Темата на оваа сесија е: „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Предвидено е претседателот да се сретне со Генералниот секретар на ОН,  Антонио Гутереш, како и со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Во Њујорк претседателот ќе го придружува неговатта сопруга, Елизабета Ѓоргиевска. Таа ќе се обрати на настанот посветен на одбележувањето на 30 години од глобалната 16-дневна кампања против родово-базираното насилство. Воедно, Ѓоргиевска ќе одржи и предавање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Колумбија и ќе го посети училиштето за деца со посебни потреби Jesse J. Kaplan.

Покрај тоа, претседателот Пендаровски во Њујорк ќе учествува на уште два настани. Еден е Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување. А вториот настан е 20. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“.

Во рамки на активностите во Њујорк, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со извршната директорка на УНФПА, Наталиа Канем, како и со претставници на дијаспората.

Исто така, Пендаровски ќе се сретне и со претставници на „Македонија2025“
и на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...