fbpx

Пред Обвинителство почна протестот за малата Тамара

-

Почна мирниот протест пред Основното јавно обвинителство во Скопје, кој се одржува како одбележување на годишнината од смртта на малата Тамара Димовска од Велес.

На протестот, освен група граѓани, присуствува и Садула Салиу, со својата 11-годишна ќерка која има иста дијагоноза како Тамара, но не добива помош од државата.

Саилиу и неговата ќерка Ханита двапати побарале помош од државата, но биле одбиени со образложение дека маната била вродена.

– Случајот на Ханита е ист како тој на Тамара. Таа има искривување на пршлените и ако оваа година не добие помош, количка не ѝ бега. Досега четирипати сме биле во Анкара и сè е на наш трошок. Повеќе немаме сили. Операцијата колку што знам чини 20.000 евра. Испративме барања до Фондот, но двапати нè одбија – изјави Салиу.

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска, рече дека ќе направи сè што е во нејзина моќ да му се помогне на ова девојче, да ја нема истата судбина како Тамара. Таа се надева дека Обвинителството ќе го расветли случајот со нејзината ќерка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...