Пратениците денеска ќе ги гласаат законите договорени меѓу четирите партии

-

Спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска во 14.30 часот закажа седница на која треба да се изгласаат законите што претставниците на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино ги договорија пред една недела.

На дневен ред се предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за внатрешни работи, предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предлог-закон за изменување и за дополнување на Изборниот законик, предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за кривична постапка и предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за Владата.

Сите предлози ќе се разгледуваат во скратена постапка и се предложени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Беким Фазлиу од ДПА.

Претходно, во 11 часот, Собранието ќе ја одржи 109. седница за пратенички прашања.

Во Кривичниот суд денеска сведочеше мајката на Вања Ѓорчевска

Во скопскиот Кривичен суд денеска Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања Ѓорчевска, кажа дека таткото на девојчето Александар Ѓорчевски, од првиот момент тврдел дека неговата ќерка е киднапирана, со...