fbpx

Повратен авиобилет Скопје – Сплит ќе чини 119 евра

Авионот ќе полетува од Меѓународниот аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот

-

Првиот лет на авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“ од Скопје до Сплит, ќе се случи на 12 мај. Со ова, ќе се овозможи хрватскиот национален авиопревозник поврзување на Скопје со хрватското крајбрежје во текот на претстојната туристичка сезона. Авиолинијата Скопје-Сплит ќе сообраќа до средината на октомври, а цената на еден повратен авиобилет ќе чини од 119 евра.

„Кроација ерјалнс ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит. Авионот ќе полетува од Меѓународниот аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот). Летовите на рутата Скопје – Сплит ќе сообраќаат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта“, наведено е во соопштението од ТАВ Македонија.

Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит можат да се купат преку веб страницата на Кроација ерлајнс или преку мобилната апликација.

Во текот на годинешната туристичка сезона, Кроација ерлајнс планира да ја поврзе Хрватска со 24 меѓународни дестинации (25 европски аеродроми) со летови на 47 меѓународни авиолинии. Поточно, 17.000 летови и преку 1.820.000 седишта планирани од страна на авиокомпанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...