fbpx

Повелбата на ОН не ѝ дава право на Русија да ја нападне Украина

Членот 107 повеќе не е релевантен од причина што веќе не постојат непријателски земји и секоја држава која се сметала за непријателска за време на Втората светска војна, сега е членка на ОН. Што се однесува до членот 106, тој претставува само транзиционен договор, кој исто како и членот 107 повеќе не е релевантен, бидејќи Советот за безбедност на ОН одлучува за мерки за одржување на мирот

-

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не ѝ даваат право на Русија да ја нападне Украина или која било друга држава од земјите наведени во објавата, поради, како што се тврди, „обиди за заживување на нацизмот“. Членот 107 повеќе не е релевантен од причина што веќе не постојат непријателски земји и секоја држава која се сметала за непријателска за време на Втората светска војна, сега е членка на ОН. Што се однесува до членот 106, тој претставува само транзиционен договор, кој, исто како и членот 107 повеќе не е релевантен, бидејќи Советот за безбедност на ОН одлучува за мерки за одржување на мирот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Повелбата на ОН ѝ дава право на Русија да ја нападне Украина. Ова не е точно.

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН и даваат право на Русија, како правен наследник на СССР – победник во Втората светска војна, да ги преземе сите мерки, вклучително и воените, против Германија, Унгарија, Австрија, Романија, Бугарија, Финска. , Хрватска, Словенија, Чешка, Летонија, Естонија, Литванија и Украина при обиди за оживување на нацизмот, стои во објавата што ја анализираме.

Не е точно дека членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН ѝ даваат за право на Русија да ја нападне Украина поради заживување на нацизмот, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Текстот на Повелбата на ОН содржи сосема спротивни принципи на она што се тврди во објавата.

Оваа дезинформација не е нова и истата веќе ја имаат дебанкирано проверувачи на факти од Германија (Коректив.орг) во октомври 2022 година.

Повелбата на Обединетите нации е потпишана во 1945 година во Сан Франциско од страна на 50 држави. Во овој основачки договор во членот 39 пишува дека Советот за безбедност на ОН одредува „дали постои закана или нарушување на мирот или акт на агресија; дава препораки или одлучува какви мерки треба да се преземат врз основа на членовите 41 и 42, со цел да се одржи или обнови меѓународниот мир и безбедност“.

Советот за безбедност има пет постојани членки со право на вето: Франција, Русија, Велика Британија, САД и Кина. Има уште десет непостојани членови. Следствено, Русија не може сама да одлучува, пишува Коректив.орг во својата анализа.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг, најважното тело за јурисдикција на Обединетите нации, веќе во март 2022 година побара Русија веднаш да ја прекине нелегалната интервенција врз Украина.

Извештаите за кршење на човековите права од страна на руските вооружени сили во текот на војната против Украина доведоа до последици во ОН: Генералното собрание гласаше во април минатата година, за да ја исфрли Русија од Советот за човекови права на ОН. Со 93 гласа „за“, 24 „против“ и 58 воздржани, собранието ја суспендираше Русија поради „грубо и систематско кршење на човековите права“ и „кршење на меѓународното право извршено против Украина“.

Членот 107 се однесува на мерки кои се преземаат како резултат на Втората светска војна против „непријателските држави“. Комитетот на ОН во 1995 година предложил да се избришат клаузулите за „непријателски земји“, вклучително и членот 107 од Повелбата. Комитетот известил дека овој член е непотребен, поради тоа што веќе не постојат непријателски земји и секоја држава која се сметала за непријателска за време на Втората светска војна, пред сè Германија и Јапонија, сега е членка на ОН.

Затоа, клаузулата за непријателските земји денеска веќе нема никаква практична релевантност, се вели во документ од Бундестагот.

Освен тоа, Украина не беше непријателска држава, туку напротив, една од државите основачи на ООН и дел од Советскиот Сојуз, па клаузулите за „непријателски земји“ не би ни можеле да се применат на Украина.

Патрик Рознау од невладината организација „Германско општество за Обединетите нации“ (DGVN), за проверувачите на факти на Коректив, исто така, потврдил дека членот 107 не е веќе релевантен.

Со оглед на тоа што членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН датираат од основачките денови на Обединетите Нации, во членот 106 се вели дека „страните во оваа декларација” треба да се во контакт една со друга ако треба да се преземат конкретни мерки за зачувување на мирот. Оваа мерка треба да се применува сè до моментот додека Советот за безбедност не може да ја извршува својата работа според член 42.

Роузнау за Коректив вели дека пет постојани земји членки на Советот за безбедност имаат специјална одговорност за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

Во оваа смисла, членот 106 претставува само транзиционен договор, кој веќе не е релевантен, бидејќи Безбедносниот совет одлучува за мерки за одржување на мирот, вели Роузнау за Коректив.

До слични сознанија како Коректив дошле и проверувачите на факти на Веридика.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не ѝ даваат право на Русија да ја нападне Украина или која било друга од земјите наведени во објавата, поради, како што се тврди, „обиди за заживување на нацизмот“. Членот 107 повеќе не е релевантен од причина што веќе не постојат непријателски земји и секоја држава која се сметала за непријателска за време на Втората светска војна, сега е членка на ОН. Што се однесува до членот 106, тој претставува само транзиционен договор, кој исто како и членот 107 повеќе не е релевантен, бидејќи Советот за безбедност на ОН одлучува за мерки за одржување на мирот. Па оттаму објавата што ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уставниот суд поведе постапка за уставноста на измените на Законот за облигациони односи

Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Изгласано е времено запирање од...